Конференција

Нови ЕКО бетони за одржлив свет

13 март 2025

Хотел Александар Палас

КОНФЕРЕНЦИЈА

Како до јаглеродно неутрален бетон во 2050 година: Политика и Реалност

Апстракт на конференцијата

Човештвото се соочува со огромни предизвици во справувањето со глобалното затоплување. Доколку продолжиме со проценетата динамика на раст и развој, просечната годишна температура ќе се покачи за 5оЦ до крајот на овој век. Вакво покачување е погубно и затоа мора да се преземат сериозни мерки за намалување на емисиите на стакленичките гасови.

И такви мерки интезивно се превземаат. Потпишани се многу меѓународни договори и донесена е регулатива во насока на намалување на штетните емисии. Една од среднорочните цели е ограничување на глобалното затоплување за најмногу од 1.5% до 2050 година. За таа цел индустриите кои најмногу емитуваат стакленички гасови до 2050 треба да станат „јаглеродно неутрални“, односно драстично да ги намалат емисиите.

Градежништвото, а особено производството на цемент е една од тие индустрии. Оваа конференција има за цел да ги образложи сите напори, трендови, научни достигнувања и политики во насока на намалување на емисиите на стакленичките гасови во цементната индустрија и пошироко во градежништвото.

Теми НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА
Теми

Нови ЕКО бетони за одржлив свет

01

Декарбонизација во индустријата за цемент и бетон

Истражување на можностите за постигнување на нето-нула иднина.

02

Иновативни технологии

Презентација на иновативни технологии и решенија за одржливост на бетонот

03

Студија на случаи и успешни приказни

Европски проекти кои покажуваат практични примени и одржливи практики

Агенда

НОВИ ЕКО БЕТОНИ ЗА ОДРЖЛИВ СВЕТ

  • 09:30 – 10:00

    Регистрација

  • 10:00 – 10:20

    Свечено отворање на конференцијата

    Константинос Николаоу, главен извршен директор на Титан Усје

    Горан Марковски, декан на Градежен факултет Скопје

    Александар Николовски, министер за транспорт и врски (TBD)

    Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Влада на Република Северна Македонија (TBD)

  • 10:20 – 11:00

    Како до иднина со нула емисии – Истражување на можностите за одржливо градежништво

    Иван Ангелов, комерцијален и оперативен менаџер за готов бетон, Титан Усје

    Проф. Снежана Маринковиќ, Редовен професор на Градежен факултет, Универзитет во Белград, Србија

  • 11:00 – 11:15

    Кафе пауза

  • 11:15 – 12:10

    Како до иднина со нула емисии – Истражување на можностите за одржливо градежништво

    Проф. др. Петер Марк, Рур – Универзитет Бохум, Германија

    Христофорос Вулгарис, Титан Цемент СА, Грција

    Проф. Горан Марковски, декан на Градежен факултет Скопје

  • 12:20 – 13:20

    Панел: Иднината на градежништвото – Бизнис стратегии и политики за зелена транзиција

    Панелисти:

    Андреј Сарафимовски, технички директор на ГД Гранит АД Скопје

    Силјан Михајловски, претседател на Управен одбор на Ф-ка Карпош АД Скопје

    Даниел Цеков, комерцијален директор на Адинг АД Скопје

    Маја Дојчиновска Колич, Институт за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРПМ)

    Константинос Николаоу, главен извршен директор на Титан Усје

  • 13:20 – 14:00

    Затворање на конференцијата и ручек

Говорници

Запознајте ги нашите истакнати клучни говорници